Фудбал

ДВЕТЕ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ БАРСА ГО ОДБИЛА ВРАЌАЊЕТО НА НЕЈМАР

Нејмар и беше понуден на Барселона, а шпанскиот клуб, каде тој помина четири успешни сезони, ја отфрли можноста да го врати назад. Нејмар со Барселона освои две титули во Шпанија и Лигата на шампионите, одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции, по што замина во ПСЖ.

Незадоволен од ситуацијата таму, тој побара од својот агент да преговара со Барса, но неговата идеја за враќање беше одбиена. Фудбалскиот портал Goal пишува дека зад ваквата одлука на Барселона стојат две причини. Првиот се однесува на финансиите.

Барселона е во тешка финансиска ситуација и тешко може да му ги понуди на Нејмар парите што тој ги добива во ПСЖ и може да ги добие евентуално на друго место. Договорот го врзува за ПСЖ до летото 2025 година, за 40,8 милиони евра по сезона.

Втората причина е поврзана со атмосферата во тимот. Клубот смета дека доаѓањето на таква ѕвезда може да ги наруши односите меѓу играчите и дека потоа тоа може да влијае на перформансите на тимот, во сезоната во која Барселона ја брани титулата во Шпанија.