Фудбал

ПСЖ МУ ПОРАЧА НА КИЛИЈАН МБАПЕ ДА ПОТПИШЕ НОВ ДОГОВОР

Нов тренер на францускиот шампион е шпанскиот стратег Луис Енрике, а се уште топ тема во францускиот и европскиот фудбал, е незадоволството на Килијан Мбапе и неговата желба да замине од француската престолнина.

Пари Сен Жермен го отпушти Кристоф Галтие, симнувајќи ја завесата на бурната кампања под водство на Французинот и го замени со поранешниот тренер на Барселона и Шпанија, Луис Енрике. Галтие беше отпуштен по само една сезона на чело на парискиот клуб, а Насер ал-Келаифи изјави:

Не сакаме да го изгубиме Килијан бесплатно. Мбапе мора да потпише нов договор доколку сака да остане бидејќи францускиот шампион нема да го пушти бесплатно да си замине следната година.

Мојот став е многу јасен. Не сакаме да го изгубиме најдобриот играч на светот бесплатно, не можеме да го направиме тоа. АКо не потпише, ќе го продадеме.

Прашање е каде сака да го продаде својот најдобар фудбалер, францускиот шампион? Ќе се предомисли ли сега, Килијан Мбапе?