АРАПИТЕ СЕ ПРЕСМЕТАА – ИМА И ТАКВИ ШТО НЕ САКААТ ТАМУ ЗА ПАРИ?
Објавено на: 02.07.2023
Ал-Хилал го објави името на новиот тренер, кој и не е толку звучен стручњак, а доаѓа на клупата на саудискиот клуб откако два врвни стратега им удрија корпа на милионите.

Жорге Жесус се враќа во Саудиска Арабија, по ангажанот кој го имаше во 2018-та година. Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо го одбиле клубот кој се обидува да биде еден од лидерите на фудбалската револуција на Блискиот Исток.

Дали шеиците се пресметаа кога станува збор за големите фудбалски имиња и сериозните актери кои се уште сакаат да „играат озбилен фудбал“?