ФАБРЕГАС ЗАМИНУВА – ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ НА НОВАТА ЕРА?
Објавено на: 02.07.2023
Славниот шпански фудбалер оди в пензија, заслужена по богатата кариера исполнета со трофеи, но воедно и со подеми и падови. Како ќе го оцените неговото чекорење по зелениот терен?
Со голема тага изјавувам дека дојде време да ги закачам моите копачки на ѕидот. Од моите први денови во Барса, Арсенал, повторно Барса, Челси, Монако и Комо, ќе ги ценам сите мигови поминати со сите членови на овие клубови.
Од кревање на трофејот на Светското првенство, на Еврото, до освојување на се во Англија и Шпанија и речиси сите европски трофеи, тоа беше патување кое никогаш нема да го заборавам.
Дали Сеск Фабрегас може да биде сместен во алејата на најславните фудбалери на модерната фудбалска ера, поради неговиот стил на игра и поради трофеите кои ги освои?
