ЦЕЛА СЕВИЉА НА ПРОДАЖБА?
Објавено на: 01.07.2023
Фудбалскиот клуб реши да го стави комплетниот ростер на трансфер-листата затоа што се наоѓа во долг од 90 милиони евра. Да стануваше збор за некој друг клуб, ова ќе беше смешно, на пример за Барселона или Реал Мадрид.
Но, челниците на Севиља сакаат да работат чисто и без дамки на портфолиото. Ваквиот пристап им донесе успеси во изминатите години, тие се најтрофејната екипа во Лига Европа со 6 освоени трофеи во годините 2007, 2014, 2015, 2016, 2020 и 2023.
Би постапил ли некој друг вака?