Фудбал

ИМА И ТАКВИ ШТО НЕ ГИ САКААТ АРАПСКИТЕ МИЛИОНИ?

Кога упатените лиферуваат информација, треба да им се верува. Единственото нејасно тка, е дали тренерот не сака да замине во Саудиска Арабија, или сака на фин начин да изнуди повеќе пари од пребогатите шеици кои не прашуваат колку треба.

Масимилијано Алегри имал многу сериозен разговор со претставниците на Ал-Хилал, за негов ангажман во лигата која се обидува да стане посериозна од Премиерлигата и Лигата на шампионите, заедно. Понудата била 20 милиони евра годишна плата до 2025-та година.

Алегри рекол – останувам фокусиран на Јувентус… Ова го пренесува новинарот Фабрицио Романо.