Фудбал

БУСКЕЦ ОСТАВИ МИЛИОНИ ЗА ДА БИДЕ СО МЕСИ

Поранешниот играч на Барселона замина на гурбет во САД, во редовите на екипата која неколку дена претходно, го официјализира трансферот на најдобриот играч на каталонската гордост.

Серхио Бускец му се придружува на Лионел Меси во Интер Мајами. Доаѓа како слободен агент. Договорот е потпишан и Бускец може да и се приклучи на екипата, на тренинзите во рамките на подготвитгелниот период.

Договорот е постигнат благодарение на Меси, а Бускец ги одбил саудиските милиони. Сакал да се обиде и да си го испроба квалитетот во американската фудбалска лига, каде што веќе бил Меси.