ГУНДОГАН НОВ ЧЛЕН НА БАРСА, ОСЛАБЕН СИТИ ИЛИ ПРОСТОР ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ?
Објавено на: 21.06.2023
Екипата од Каталонија ангажира еден од пулените на каталонскиот тренер, кој подолго време успешно седи на клупата на англискиот тим. Релациите меѓу тимовите се јасни, дури пред неколку месеци освојувачот на ЛШ рече дека во секое време би се вратил дома, ако стигне повик од неговиот тим.

Илкај Гундоган има одобрение од Манчестер Сити да се пресели во Барселона, каталонската гордост има право да го регистрира како нов играч, фудбалерот даде зелено светло за комплетирање на оваа зделка. Останува уште формалниот дел, претставувањето на германскиот интернационалец.

Гундоган се согласил на договор до 2025 година, со опција за уште една. Дали овој трансфер ќе го ослабне составот на новиот европски шампион, дали ќе ја засили екипата која сака да се врати на врвот на европскиот фудбал и колку ќе влијае на фудбалската рамнотежа во Шпанија и Англија?