Фудбал

ЧЕФЕРИН ИМ РЕЧЕ ДЕКА Е ГРЕШКА ДА ТРОШАТ ПАРИ, НА ОНИЕ ШТО ПОТРОШИЈА МИЛИЈАРДИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на УЕФА, која е водечката светска организација кога станува збор за клупскиот фудбал, има негативен став за Саудиска Арабија која ги мами ѕвездите во поодминати години, со енормни суми на пари.

И врапчињата знаат каков е бизнисот во фудбалот и зошто се фрлаат, односно како се вртат тие милионски суми, но првиот човек на европскиот фудбал се дрзна да каже дека Саудијците не би требало да трошат средства на ѕвезди во згаснување:

Грешка е да се купуваат играчи во поодминати години. Наместо тоа, треба да се инвестира во младината.

Кина ја направи истата грешка пред 10-тина години. – рече Александер Чеферин, парафразирано.

Истиот човек кој му го даде пехарот во ЛШ на Манечстер Сити, клубот кој потроши милион милијарди за да го освои, вели дека не треба да се фрлаат пари на играчи, туку треба да се инвестираат во млади играчи.

Контроверзно? Се плаши ли Чеферин дека одливот на фудбалери во саудиската лига ќе биде како лавина, ако продолжат Арапите со ова темпо и со толку многу пари да купуваат играчи?