Фудбал

КАКО СЕГА ДА ОДИГРАМЕ ПРОТИВ АНГЛИЧАНИТЕ?

Квалификацискиот циклус за следното европско првенство на УЕФА е долг и тежок, најтешкиот во светскиот фудбал за пласман ан едно континентално натпреварување. Концентрацијата на квалитет во европските селекции е најголема.

Македонија одигра 2:3 против Украина во вториот натпревар од Група Ц, со што сме на третата позиција (4:4 гол разлика) со 3 бода освоени од победата против Малта во првиот меч. Пред нас се Англија со 3/3 и Италија со 1/1 (3:2 гол разлика), а зад нас е Украина со 1/1 (3:4).

Ова е група во која ќе има многу изненадувачки резултати и ќе се води борба до крајот на циклусот. Англичаните и Инатлијанците се фаворити, но ќе се потсетиме на нашите 2/2 реми средби на Островот и победата во Италија во баражот за СП.

Како ќе одиграме против Гордиот албион кој е решен конечно да не победи на свој терен? Англија има 1:2 кај Италија, 2.0 против Украина и 0:4 со Малта. Што прогнозирате за мечот кој ќе се одигра на Олд Трафорд, на 19-ти јуни (понеделник)?