Кошарка

МОРАНТ Е СУСПЕНДИРАН ЦЕЛА СЕЗОНА, ГО ЧЕКА СУДБИНАТА НА МАЈКЛ ВИК?

Комесарот на НБА лигата ја објави драконската казна за кошаркарот на Мемфис, веднаш по завршувањето на финалната серија меѓу Денвер и Мајами, за да не им ја украде славата на победниците во доигрувањето за титулата.

Џа Морант е казнет со една цела сезона неиграње, затоа што по вторпат мавтал со пиштол по социјалните медиуми. Олеснителна околност нема. Морант кажа дека тоа било играчка, но законот си е закон.

Дали НБА кошаркарот го чека судбината на Мајкл Вик кој беше најскапата НФЛ ѕвезда во негово време (2007), но поради обвинувањето за организирање борби со кучиња заврши зад решетки (21 месец) и без сите спонзори, односно заработени пари?