ДАЛИ СИТИ ЌЕ ИМ ГО УКРАДЕ ДЕКЛАН РАЈС НА АРСЕНАЛ?
Објавено на: 15.06.2023
Лондонски Телефраф најавува можеби голем пресврт во трката по играчот од средниот ред на Вест Хем, откако до вчера беше извесно дека Деклан Рајс ќе премине во Арсенал.
Според добро упатениот медиум од островот, првата понуда на Арсенал од 90 милиони фунти била одбиена од градскиот ривал, а впрочем биле известени дека во трката се вклучува и Манчестер Сити кој очигледно бара замена за Гундоган и дополнително освежување во средниот ред.
Чеканите за да го продадат Деклан Рајс во лигашки конкурент, бараат 100 милиони фунти + бонуси од перформанси, износ кој се уште не е понуден од Арсенал. Оваа сума Англичаните веруваат дека е достижна за Манчестер Сити, кои инкасираа повеќе од 300 милиони евра по освоената тројна круна.
Тимот со кој раководи Пеп Гвардиола во финални фази е во преговорите со Челси за ангажирање на Матео Ковачиќ, додека Арсенал очекува финализирање на трансферот на Рајс за да го прати Гранит Џака во Баер Леверкузен.
Неодамна, Деклан Рајс потврди дека неговата судбина во Вест Хем е неизвесна, индиректно наговестувајќи трансфер од клубот во кој е капитен.
Јас сум заљубен во овој клуб, негов капитен сум, но имам уште 2 години од мојот договор. Нема ништо се уште официјално, но да видиме како ќе се развиваат работите.