Фудбал

ТОЈ БЕШЕ ВИСТИНСКИОТ МАГИОНИЧАР

Многу глобтротери продефилирале и се уште дефилираат по зелените терени, кои се оценувани и се оценуваат како најдобрите на светот и во историјата, но најдобри нема, а вистинските легенди се реткост.

Никој нема да ги памети празните дриблинзи на извиканите ѕвезди, сите ќе ги паметат вистинските фудбалски потези кои зрачат со грациозност, едноставност, умешност, сериозност и значат титули и пехари. Своевремено, Зинедин Зидан си играше мајтап и со целата бразилска репрезентација, која тогаш беше оценета како најдобра во историјата со најдобри фудбалери во историјата на сите позиции. Ова е еден од неговите „први контакти“:

Зинедин Зидан е фудбалер кој одбележа една ера, кој бепе лидер, владетел, организатор и егзекутор. Имаше и свои жолти минути, со кои покажа дека е само човек. Зизу, му фалиш на вистинскиот љубител (ова е множина) на вистинскиот фудбал…