НАЈЕВТИНИОТ ДИЈАМАНТ НА СВЕТОТ Е НА ПРОДАЖБА?
Објавено на: 14.06.2023
Од извори кои се занимаваат со светските трансфери во фудбалот, може да се доџнае дека еден од најбараните играчи на пазарот е практично достапен за „багателна“ цена.
Турскиот бисер Арда Гулер (18 години) е на маркетот и неговата цена е само 17.5 милиони евра, што за фудбалер со негови карактеристики е бесплатно. Ова е најголемото изненадување во летниот преоден рок.
Клаузулата за негово ослободување ќе биде активирана по 1500 минути поминати на теренот. Многу врвни клубови ќе се обидат да го намамат во своите редови, но прашањето е зошто Фенербахче се откажува толку лесно од еден од најперспективните играчи?