Фудбал

КАДЕ ГЛЕДА КИЛИЈАН МБАПЕ?

Францускиот интернационалец е на пазарот и тоа е факт кој го потврдуваат познавачите на фудбалот и фудбалските медиуми ширум Европа и светот. Летово е псоледна шанса, ПСЖ да заработи од напаѓачот, а познавајќи ги шеиците, ќе се обидат да извлечат максимум.

Договорот со Килијан Мбапе беше повеќе потпишан со цел да се ослаби Реал Мадрид, отколку да се засили ПСЖ. Но, играчот јасно им ставил до знаење на газдите дека нема намера да продолжува соработка по 2024-та година, што значи следната сезона му е последна во дресот на светците:

НИКОГАШ не сум изјавил дека имам намера да останам во ПСЖ по 2024-та година. Бордот беше информиран на 15-ти јули 2022-та за оваа моја одлука. Писмото кое го испратив беше само потврда на мојот став.

Килијан Мбапе му се извини лично на Флорентино Перез за сагата која се случи минатото лето, што му ја остави вратата на Сантијаго Бернабеу отворена. Шпанскиот магнат знае дека Мбапе е национален интерес на Франција и знае дека минатата година се вмешани раце на високи функционери, во обидот да не му се дозволи на Реал да создаде нов супер-тим.

Што ќе се случи летово?