ИСТОРИЈА – ЈОКИЌ И МАРИ СО ТД ГИ ИЗЛАДИЈА ХИТ СРЕДЕ МАЈАМИ
Објавено на: 08.06.2023
Никогаш претходно, во историјата на НБА лигата, двајца играчи од една екипа немале трипл-дабл учиноци со по 30 поени на еден натпревар, ниту во регуларниот дел, ниту во доигрувањето, ниту во НБА финалињата. Се досега.
Никола Јокиќ имаше 32 поена со 21 скок и 10 асистенции, што е прв ваков учинок во НБА финалните серии, а Џамал Мари имаше 34 поени со 10 скока и со 10 асистенции:
Нагетс ги натскокаа противниците со 58:33 и си ја вратија предноста во серијата за титулата, водат со 2:1 против Мајами и се на две победи од историското прво одличјe за франшизата. Но, се прашуваат и Батлер и Хит. Имаат ли сила да возвратат?