Фудбал

ЈА ИСКРШИЈА ПРАГА – АНГЛИЧАНИТЕ И ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПОВТОРНО ПРАВЕА ПРОБЛЕМИ

Најтрагично е кога оние кои се обидуваат да диктираат култура не можат да си ги сопрат своите, односно поради репресијата дома, нивните прават проблеми на гости и уништуваат туѓ инвентар. Сето тоа, се случува во 21-от век.

Навивачите на Вест Хем и Фиорентина се судрија во чешката престолнина, на денот на финалето меѓу овие две екипи во рамките на Конференциската лига на УЕФА.

Наводно, Италијанците со пиротехника и оружје ги нападнале Англичаните. Следеле тепачки и улици покриени со стакло. „Половина“ Прага беше демолирана, што се гледа од видеото на линкот:

Англиските власти своевремено воведоа строги санкции, во 80-титте години на минатиот век кога англиските клубови беа банирани 5 години од настапи во Европа, по трагедијата Пред финалето од ЛШ во 1985-та на Хејсел, кога навивачите на Ливерпул предизвикаа стампедо, а најголем број жртви од вкупно 39 имаше на страната на навивачите на Јувентус. Италијанските хулигани постојано се присутни насекаде и освен што се тепаат дома, прават лом каде и да отпатуваат.

Се уште тлее анимозитетот од тоа време?