АРАПИТЕ ГО КРАДАТ ФУДБАЛОТ ОД ЕВРОПА
Објавено на: 06.06.2023
Кристијано Роналдо беше првиот што замина за Саудиска Арабија, откако ја раскина и последната фудбалска врска која ја имаше со Стариот континент. Следен во низата беше Карим Бензема, кој го стори истото. Има уште…
Нголо Канте добива 100 милиони евра по сезона и откуп на сите права на имиџот и слични маркетиншки права, за да заигра во фудбалската лига на Саудиска Арабија. Роналдо најави дека оваа лига за 5-6 години ќе биде силна како европските, но никој не му веруваше.

Парите веќе се влезени во европските клубови каде доминантни сопственици се токму шеиците. Дали она што не може да се купи со пари, може да се купи со повеќе пари? Дали арапскиот свет полека но сигурно го краде најдоброто од фудбалот од Европа?