Кошарка

МОРАНТ Е ЖРТВА НА ГЛУМЕЊЕ ПОЛИЦАЕЦ, ИЛИ НБА Е ЖРТВА НА ГЛУМЕЊЕ ГАНГСТЕР?

Американските медиуми јавуваат дека НБА лигата останува на казната за кошаркарот, и покрај тоа што елементите за негово обвинување се слаби.

Наводно, според извештаите, канцеларијата на НБА лигата знае дека пиштолот со кој мавташе Џа Морант по Инстаграм е играчка, но најверојатно суспензијата останува поради пораката што ја испраќа играчот со тој потег. Друго нормално објаснување, нема.

Адам Силвер е запознат со овие податоци, но е решен да го воспита кошаркарот на Мемфис. Суспензијата најверојатно ќе биде 30 натпревари, што би била најсериозната казна во историјата на натпреварувањето преку Океанот. Кој на кого вежба карактер?