Фудбал

РЕАЛ ИНСИСТИРА НА ХАВЕРЦ

Карло Анчелоти најави враќање на Кралскиот клуб на голема врата, во летниот преоден рок. Најавени се засилувања на местата на играчите кои ќе заминат во историјата.

Првиот чекор на најтрофејната европска екипа ќе биде ангажманот на запоставениот и потценетиот Каи Хаверц, германскиот репрезентативец кој е дел од англискиот Челси.

Сините се отворени за продажба на напаѓачот, но ќе почекаат да видат кој се ќе се заинтересира за потписот на стрелецот на голот за европската титула во 2021-та година.

Играчот е решен, со двете раце сакал да го потпише договорот со мадриѓаните, останува на клубовите да се договорат за трансфер-цената. Би било ли ова добра инвестиција за Реал Мадрид?