Фудбал

ТВИТОТ НА ВИНИЦИУС КОЈ ГО ЗАПАЛИ ИНТЕРНЕТОТ

Играчите доаѓаат и си одат, легендите остануваат засекогаш. Таква легенда, жива и една која нема да се надмине во скора иднина, е Карим Бензема. Прошталниот твит на Винициус, остава без здив.

Бразилецот од најдлабоките депао на душата ги извади емоциите, а астанатите, може само да читаат и да се воодушевуваат на она што всушност претставува Реал Мадрид во светот на фудбалот:

Бензвини, Винзема, како и да е, не е битно… Резултатот секогаш беше ист: голови, смеа, титули и над се, учење. Кога едно срамежливо момче од Сао Гонзало дојдо во Мадрид во 2018-та, ти ме прими прв и тоа никогаш нема да го заборавам.

Пораснав со тебе, ги освоивме Шпанија, Европа и светот. А јас, ти аплаудирав на Златната топка со многу гордост. Бевме „дуото од темнината“ во европскиот фудбал, секогаш ќе ги гледам нашите заеднички видеа кои ќе ми бидат инспирација и потсетник на едно незаборавно време.

Карим, веќе ни недостигаш на сите! Ти благодарам за се, легендо!

Еве го и официјалниот твит на Винициус: