Фудбал

КОЈА НОГА ЌЕ ПРЕСУДИ, ЧИЈА Е ОВАА?

Се ближи најголемиот ден во фудбалската година, финалето во Лигата на шампионите, кое на крајот на сезоната 2022/23 ќе се одигра на стадионот Кемал Ататурк во Истанбул, на 10-ти јуни. Некој ќе се радува, некој ќе плаче.

Тоа е судбината на двата тима кои ќе се сретнат во битката за големиот Ушко. Интер ќе го предизвика Манчестер Сити. Aнглиската екипа е фаворит, но италијанската сепак ги има историјата и традицијата на своја страна.

Во финалињата се раѓаат хероите и трагичарите. Eден момент може да го реши мечот. Еден шут може да биде пресуден, еден пенал, една одбрана, еден блокиран удар. Почнуваме да одбројуваме, па ве прашуваме – чија е оваа нога?