ЈОКИЌ ИЛИ БАТЛЕР? 1:1 ИЛИ 2:0?
Објавено на: 04.06.2023
Тешко е да се анализира колку се навистина добри Никола Јокиќ и Џамал Мари во рамките на годинешното доигрување, како тандем и поединечно. Еве дел од статистиката која е на нивна страна во финалето на НБА лигата.
Аналитичарите во САД веќе ги прогласија првите две ѕвезди на Денвер за најдоминантното дуо во НБА, по Брајант и Шекил за Лејкерс:
- Мари е само втор играч со просек 30 поени со 50-40-90 шут во повеќекратни плеј-оф серии, со што му се придружи на Дјурант.
- Јокиќ е само трет во историјата со трипл-дабл просек на влез во финалето (Меџик 1982 и Чембрлен 1967 се другите двајца, чии екипи тогаш ги освојуваа трофеите).

Во 2 часот по полноќ, се игра вториот меч за титулата во НБА лигата. Ќе биде ли тоа вечер на Јокиќ или на Батлер и Хит? Нагетс водат со 1:0 до 4 победи.
