СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ЕДНА ОД НАЈНЕВОЗМОЖНИТЕ БАЈКИ, ПРЕД ЕДНО ГОЛЕМО НАТПРЕВАРУВАЊЕ?
Објавено на: 09.06.2021
Во февруари 2006-та по победата на Римската волчица против Емполи со 1:0, светските медиуми јавија за повредата на Франческо Тоти кој мораше да оди на операција поради фрактура на фибулата, коска во поколеничниот зглоб и на листот, мускулот во истиот предел на левата нога.
Тогашниот селектор Марчело Липи, категорично изјави дека ќе му дозволи на тогаш 29-годишниот капитен и алфа-и-омега на Рома, да заздравува се додека е потребно, затоа што играч од таков калибар, едноставно му е неопходен на мундијалот што се одржуваше тоа лето во Германија.
Тоти воопшто не заздрави целосно, но децидно инсистираше дека мора да биде дел од селекцијата, селекторот му поверува, виртуозот потоа играше на речиси секој натпревар, стрелаше прецизно или асистираше во 5 гола од вкупно 12 колку што постигна Италија, на патот кон титулата и вечната слава.

Е, па, луѓе, денес веќе не прават вакви фудбалери… ама баш никаде!!!