Ракомет

ЗА ЕЛЕНА СЕ ВОДЕЛЕ ВОЈНИ, НАШАТА ДОНЕСЕ ЅВЕЗДА ВО ВАРДАР

Иако шпанската ракометна ѕверка не сака јавно да признае, сепак чувствуваме дека огромно влијание во одлуката тој да слета во редовите на македонскиот шампион, има неговата сопруга, која по потекло е Македонка.

Ако понудата за обновување на договорот со Нант беше фер, ќе останевме во Франција. Ми понудија само едногодишна соработка, а патем и намалувањето на платата беше многу важен фактор. Имам проблеми со коленото, а клубот не ми верува. Вардар ми понуди тригодишен договор. Сепак не беше пресудна мојата сопруга, иако ќе уживаме во близина на нејзиното семејство.

Едуардо Гурбиндо последните пет сезони играше за Нант, има 33 години, злато со Шпанија на ЕП 2018-та во Хрватска и европска клупска титула со Барселона во 2015-та. Тој е висок 195 см, игра на позицијата десен бек.