Фудбал

КОЛКУ ГОЛА ЌЕ ПОСТИГНЕ ВАРДИ ВО ЧЕМПИОНШИП?

Во сезоната 2015/16 ги изненади сите во спортскиот свет со титулата со Лестер. Во сезоната 2019/20 беше најдобар стрелец во Премиерлигата. Следната сезона, ќе игра второлигашки фудбал на Oстровот.

Тоа беше прва титула за Лестер и прво признание за Џејми Варди, кои го живееја својот сон откако со Клаудио Раниери на клупата, го направија она што никој не можеше ниту да го замисли, а потоа и фудбалерот сам го постигна сонот на секој голгетер.

Колку гола, следната сезона, ќе постигне Џејми Варди? Ќе се врати ли Лестер експресно во Премиерлигата или ќе следи нова деклинација за оваа екипа како на почетокот на новиот милениум кога играше во Дивизија 1?