КОШОТ ШТО НИ ПОКАЖА ЗОШТО НБА Е ТОА ШТО Е
Објавено на: 28.05.2023
Со децении наназад, НБА лигата е најорганизираната спортска заедница позната на човештвото, во модерната спортска историја. Кошарката што ни ја сервираат Американците, ги надминува и најлудите сништа за тоа како треба да изгледа еден спорт, на организациско ниво.
Ништо не може да им избега од видикот на челниците на НБА лигата, па затоа и она што се случува на паркетот понекогаш е толку илустративно, што остава без здив. Сето тоа е последица на системот кој постои, а ваквите потези се регистрираат од сите агли и остануваат во вечноста:
Вајт постигна поени на истекот на последната секунда од мечот меѓу Бостон и Мајами, за победа од 103:104 и враќање на серијата на домашен терен, во седмиот решавачки натпревар. Моментално е веќе видени 3:3, но никој целосно не се вратил од 0:3 со победа во една плеј-оф серија.
Ќе испишат ли Селтикс историја?