Кошарка

КОГА ТЕЈТУМ ГО УНИШТИ ЛЕБРОН – МОЖЕ ЛИ БОСТОН ДО ПРЕСВРТ?

На видеото може да се види потегот на овој датум, денот кога дебитантот ја заби топката во кошот преку најдобриот кошаркар во лигата и кога најави дека нов талент се појавува на големата сцена, во обид да остави свој печат во историјата на НБА лигата.

Џејсон Тејтум е пред нов историски предизвик – лидерот на Бостон Селтикс мора да го понесе својот тим во уште еден елиминациски меч против Мајами, со негатива 2:3 и врвката околу вратот.

Се потсетивме кога пред 5 години, дебитантот не му се исплаши на Леброн. Никој не се вратил по негатива од 0:3 во историјата на НБА лигата. Ќе може ли да се справи со Батлер и Мајами, при 2:3?