Фудбал

КОЈ МИСЛЕШЕ ДЕКА БАЕРН СИ ИГРА, НЕКА ПОЧЕКА ДО СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Баварската машинерија ја освои рекордната (33) титула во Бундеслигата, односно го подобри рекордот кој го љубоморно го држи долги, долги години. Веднаш потоа беше испратена јасна порака дека суети во клубот не се дозволени.

Првите жртви беа Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, двете играчки икони на ФК Баерн Минхен кои беа отпуштени поради мир во куќата и поради најавените промени во функционирањето од корен. Еве ја револуцијата и последиците:

🤵🏼‍♂️ Промени во бордот со нови имиња, поголема моќ за тренерот Тухел.

⛔️ Нема шанса да се откупува Кансело за 70 милиони евра, кој најверојатно ќе се врати во Сити, а Барсселона чека од позадина.

📑 Промени во договорт на Дејвис, чија судбина се уште не се знае, рестартирање на преговорите за играчот за кого е заинтересиран Реал Мадрид.

✋🏻 Гравенбер и премиерлигашките клубови кои се заинтересирани за него, ќе мора да почекаат на јунските преговори на играчот со сегашниот клуб кој ќе го има последниот збор.

🇫🇷 Лукас Ернандез беше пред сигурно продолжување на соработката под претходното раководство, но сега може да се смени и оваа позиција, затоа што ПСЖ е заинтересиран за него. Истото важи и за Павар кои може да замине како слободен играч.

🤨 За Коло Муани се чека цената која би ја одредил Ајнтрахт со цел да се почнат преговорите, а за Влаховиќ е јасно дека Тухел сака да го види во редовите на својата екипа.

⭐️ Мусиала кој ja донесе титулата и Коман кој е гаранција за домашна титула во кој клуб и да игра, ќе ги рестартираат преговорите, но клубот сакат тие двајца да останат. Кимих беше недопирлив со претходното раководство, но со ова ќе видиме што ќе се случува, затоа што Чави го сака играчот во Барса.

👋🏻 Блинд сигурно си заминува, тука нема нејасни позиции, затоа што тој воопшто не играше под палката на Тухел, кој воопшто не смета на овој фудбалер ниту во идните планови.

Што од ова ќе се оствари, останува да видиме, но со Германците едно е јасно – нема шега со нив, може да сменат се преку ноќ и повторно да останат суперсила на европскиот фудбал.