ДОЈДЕ ОД ПСЖ ДА ЈА ОСВОИ ЛШ – ТРЕБА ЛИ ДА ОСТАНЕ ДО КРАЈ?
Објавено на: 14.05.2023
Тиаго Силва прерасна во икона на клубот, по доаѓањето во редовите на Челси од ПСЖ. Претходно се етаблира како голем играч во редовите на Милан од каде во пакет со Ибрахимовиќ замина за Париз.
Бразилскиот дефанзивец беше поздравен со два огромни банера на трибините на Стемфорд бриџ, во разочарувачкото реми со Нотингем Форест (2:2), со кои навивачите јансо му кажаа што мислат.

Се појавија шпекулации дека 38-годишниот играч заминува за Бразил, да ја заврши кариерата во Флуминезе каде почна да игра фудбал. Треба ли Тиаго Силва да остане во Лондон до крајот на кариерата?