Фудбал

ИГРАЧИТЕ НА МИЛАН ВО СТРОЈ ПРЕД НАВИВАЧИТЕ (ВИДЕО)

Дека ситуацијата во таборот на ланскиот италијански шампион не е сјајна, говори денешниот пораз на Милан од Специја на гости која беше 18 пласирана пред овој натпревар.

Она што повеќе треба да ги загрижува играчите на Милан е формата и заложбата покажана на последните 180 минути, откако во два наврати беа совладани од Интер и Специја со идентичен резултат.

Овој пораз очигледно беше точката од која навивачите не можеа да премолчат, па пред гостинската трибина ги собраа играчите, тренерот и стручниот штаб на „пеење“.

Дали ќе има резултат овој рапорт, останува да видиме за неполни 3 дена кога е реваншот против Интер.