30.000 ДОЛАРИ ЗА МЕСТО КРАЈ ТЕРЕНОТ НА МЕЧОТ ЛЕЈКЕРС-ВОРИОРС
Објавено на: 13.05.2023
Ѕвездите од разни аспекти на животот се стандарден декор крај аут линијата, кога Лос Анџелес Лејкерс играат на домашен терен, каде сезонава немаат пораз во плеј-офот иако влегоа со последниот џокер во доигрувањето.
Во моментов, светскиот џет-сет седи и гледа мечеви од НБА лигата, а тоа се рапери, ТВ водители, инфлуенсери, актуелни кошаркари и други спортисти… Секој сака да ги гледа Леброн Џејмс и Лејкерс во можеби историската сезона кога ќе ги поминат Селтикс според бројот на титулите?
The starpower at Warriors-Lakers 🔥 pic.twitter.com/TIhbXd682p
— ESPN (@espn) May 13, 2023
Бостон е на другата страна од ждрепката, во Источната конференција и игра мајсторка против Филаделфија затоа што скорот во меѓусебното соочување на овие две екипи е 3:3, а Лејкерс ќе треба прво да се справат со Денвер ако сакаат шанса за 18-та титула…
LeBron showed OUT in Game 6 🔥
30 PTS
9 REB
9 ASTLakers advance to the Western Conference Finals 🗣️ pic.twitter.com/oP9y2tZtN4
— NBA (@NBA) May 13, 2023