ЌЕ МОЖАТ ЛИ ЛЕЈКЕРС ДА ИЗДРЖАТ БЕЗ ДЕЈВИС И ЛЕБРОН?
Објавено на: 12.05.2023
Скорот во западното полуфинале е 3:2 за екипата од ЛА, која е најтрофејна заедно со Бостон Селтикс со по 17 пехари во витрините, но последните години потфрла кога се работи за доигрувањето. Ќе и се случи ли истото и оваа сезона?
За натпреварот кој може да биде последен во дуелот со актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс, бидејќи се игра до 4 победи, а веќе е пропуштена една меч топка при 3:1, Лејкерс може да истрчаат и без Леброн и без Дејвис кои се жалат на повреди.

Едниот на главата, а другиот на стапалото. Можат ли Лејкерс во евентуален меч без двете главни ѕвезди, или без еден од двајцата лидери, да излезат како победници во соочувањето со брзата шутерска и фајтерска екипа на Вориорс?
Што прогнозирате?