ЉУБОВТА НЕМА ЦЕНА, ЛЕАО ОСТАНУВА ВО МИЛАН
Објавено на: 12.05.2023
Немаше сила која ќе ги раздели, затоа што двете страни ја сфаќаат верноста и ја толкуваат љубовта на ист начин. Рафаел Леао останува во Милан уште 5 години, парите не беа пресудни.
Португалецот го потпиша договорот кој ќе биде валиден до месец јуни 2028 година, а се очекува уште официјалната потврда.

Португалскиот напаѓач Рафаел Леао ја прифати понудата од пет милиони евра, плус одредени бонуси кои може да ја кренат платата. Иако имаше побогати понуди, португалското крило се одлучи за верност кон „росонерите“.

Леао го направи спротивното од Донарума, може ли да се очекува да биде новата икона на вториот најтрофеен европски клуб на сите времиња?