АКО САКАШ ДА СИ ОДИШ, САМО ИСПЛУКАЈ ГО КЛУБОТ
Објавено на: 27.03.2023
Антонио Конте веќе не е тренер на Тотенхем, а лондонскиот клуб бара експресна и квалитетна замена за италијанскиот стратег. Се споменуваат имињата на Маурисио Покетино кој би требало да се врати во Англија, или Јулиан Нагелсман кој си замина од Баерн Минхен.

Тотенхем ќе најде нов тренер, но начинот на кој беше завршена соработката меѓу клубот и тренерот, не потсеќа на сагата на Кристијано Роналдо со Манчестер Јунајтед. Не дека имаше некакви огнени стрели меѓу Конте и Тотенхем, но сепак не потсеќа.

Конте, најверојатно незадоволен од она што го имаше како резултат со Тотенхем, излезе на прес-конференција и кажа (парафразирано) дека играчите не се залагаат доволно, живеат во комфор-зона, а клубот одамна нема идеја или стратегија за освојување на трофеи.

Експресно беше раскинат договорот, со заемна согласност, исто како што направија и Роналдо и Јунајтед. Значи, во современиот спорт, ако сакаш да си заминеш од некој клуб, само излези на прес или интервју и распукај по сопствениците, па вратата ќе ти биде широко отворена.