ВИДЕНА ЛИ Е ДОМИНАЦИЈА КАКО ОНАА НА МЕРЦЕДЕС?
Објавено на: 22.03.2023
Најновиот владетел во светот на најбрзите е Ред Бул, кој се враќа на престолот по четирите години во кои Себастијан Фетел беше шампион. Сега, австриската екипа која потполно сама развива шасија и мотор, се гордее со холандскиот ас Макс Ферстапен кој е двоен шампион.

Но, нешто што е поставено како репер во модерната Формула 1 историја, е доминацијата на германската екипа Мерцедес, која го направи „здодевно“ најпрестижното автомобилистичко првенство, во период од 7 години:
2016: Најмала разлика со второпласираниот – 5 бода
2020: Најголема разлика со второпласираниот – 124 бода
Просекот на бодовната разлика меѓу шампионот и второпласираниот беше 68 бода во текот на споменатите седум сезони, од 2014-та до 2020-та година.

Тоа беше период во кој Луис Хамилтон освои 6 титули, а Нико Розберг една во 2016-та година кога и беше најмала разликата, со второпласираниот (тимски колега) Луис Хамилтон.

Дали разликата од 146 бода на крајот на 2022-та година, во корист на Макс Ферстапен пред Шарл Леклер од Ферари, му дава за право на Ред Бул да се надева на нова апсолутна долгогодишна доминација?
