Мотоспорт

ФЕРАРИ ГО (ИЗ)ГУБИ СТАТУСОТ ВО ФОРМУЛА 1?

Италијанскиот тим кој важи за синоним за ова авто-натпреварување, кое пак е синоним за гламур, престиж, успех, квалитет и недопирливост, полека го губи чекорот со реалноста во светот на најбрзите.

Со 6 и 7 позиција на патеката во Џеда, Саудиска Арабија, Ферари потпишува капитулација. Ред Бул повторно е доминантен, со победата на Перез и втората позиција на актуелниот двоен Ф1 шампион, Макс Ферстапен.

Следуваат болидите на Расел и Хамилтон, и тоа во ситуација кога вториот се жалеше дека не го чувствува возилото и дека не ветува резултати на оваа трка. Дури потоа, се Саинц и Леклер од Ферари, кои го возат црвениот болид на најтрофејната екипа.

Ферари има 15 возачки, но последната 2007-та и 16 конструкторски, но последната титула во 2008-та година. И порано сме биле сведоци на гапови во историјата, но оваа разлика од 14 и најверојатно 15 години кај тимовите, односно 16 кај возачите, е преголема.