ЗОШТО ПЕРЕЗ НЕМА ДА ОДИ НА КАМП НОУ ЗА ЕЛ КЛАСИКО?
Објавено на: 19.03.2023
Барселона му е домаќин на Реал Мадрид, во најновата епизода од најголемото фудбалско ривалство на светот, наречено Ел Класико. Двата шпански тима се во битка за титулата, но ако домаќинот победи, гостите може да се простат со обидот да ја одбранат круната.

Барса е во серија од три триумфи, Реал има две победи во низа. Во последното меѓусебно соочување Блауграна славеше со 0:1 во првио полуфинален меч во Копа Деј Реј. Во последниот дуел во Ла Лига, Реал славеше со 3:1. Веќе 4 години, Барса нема битна лигашка победа против Кралскиот клуб.

Барселона го освои Суперкупот на Шпанија, победувајќи го Реал Мадрид со 3:1 во финалето одиграно во Саудиска Арабија. На последните 10 соочувања, скорот е 5:4 за Реал Мадрид, со едно реми. Но, Барса е традиционално најголемиот понижувач на мадриѓаните.

Ќе биде ли така и вечер од 21:00 часот, или? Флорентино Перез најави дека нема да присуствува на Камп Ноу, од безбедносни причини. Дали е тоа вистинската причина? Многу прашања, еден одговор, по завршувањето на најновот Ел Класико.