ПО ШТО ЌЕ ГО ПАМЕТИМЕ ЌЕЛАВКОТО ВО ДОСЕГАШНИОТ МАНДАТ?
Објавено на: 16.03.2023
Швајцарскиот спортски работник ќе седи на фотељата во Светската куќа на фудбалот најмалку до 2027-та година, откако беше реизбран на конгресот на ФИФА. Џани Инфантино има 52 години, на функцијата е од 2017-та година, кога го наследи Сеп Блатер.
Доаѓа од истата земја како и неговиот претходник, исто така е под сомнежи дека правел финансиски малверзации. Беше акламативно избран од сите 211 претставници на федерациите членки во Конгресот, во систем кој не ги регистрира воздржаните и опонентите, без противник на изборите, во комплетно демократска атмосфера, нели?

До сите оние кои ме сакаат, а знам дека ги има многу, но и до оние кои ме мразат, а знам дека ги има малку: Јас ве сакам сите. – рече Инфантино, обрќајки се кон делегатите, на 73-тиот Конгрес на ФИФА.
По што ќе го паметиме ние, Џани?