НЕ ШТЕДЕШЕ НЕГАТИВНИ ЗБОРОВИ ЗА СОИГРАЧОТ ОД БАРСА
Објавено на: 10.03.2023
Непишано правило во животот и во спортот, е да не зборуваш многу за поранешните соиграчи, сопартијци и соборци, затоа што кога-тогаш се се враќа. Еден голем играч како Ето, зборуваше за еден можеби и поголем играч од него, во негативен контекст:
Мислам дека Тиери Анри не беше на нивото на Никлас Анелка. Тити беше добар, но мене повеќе ми се допаѓаа други играчи.
Со сигурност тврдам дека не беше на моето играчко ниво.
Дали Ето си ги слушна зборовите кои ги искажа? Дали е тоа начин да се зборува за првиот до тебе, во одреден дел од кариерата? Што ли зборува за „послабите“ играчи од Тиери Анри?
Се сеќавате ли на инцидентот во Катар?
