Фудбал

„НЕПРИСТРАСНИОТ“ ЕСПН СО ДВОЕН АРШИН ЗА МЕСИ И МБАПЕ

Медиумите треба да бидат непристрасни. Не може да бидат независни, затоа што црпат пари од некаде, но може да бидат барем неутрални и слободни во изразувањето, кога станува збор за општи вести кои се од корист за сите граѓани на овој свет.

Еве ги двата наслова на ЕСПН, пред и по реваншот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ:

ПСЖ на Меси се бори за 1/4 финале

ПСЖ на Мбапе ја загуби битката за 1/4 финале

Треба ли дополнителнио да се коментира?