Фудбал

ТАКТИКАТА НА ГВАРДИОЛА ШТО ВЕЌЕ НЕ ПАЛИ НИ СО „МАЛИТЕ“ ЕКИПИ?

Менаџерот на Манчестер Сити се испофали низ годините поминати на клупата на сината екипа од фудбалскиот град во Англија, дека го уништил фудбалот со Барселона, а потоа и неговите актуелни пулени го уништиле фудбалот во Англија, алудирајќи на доминантните претстави што ги имаа овие два негови клуба додека тој диригира(ше) на клупите на Камп Ноу и Етихад.

Но, Пеп Гвардиола заборави (???) да им каже нешто на своите играчи, а тоа е дека сите пехари што ги има освоено се во конкуренција на „слаби“ противници односно немање достојна конкуренција, кога неговите тимови трошеа милиони и милијарди, а противничките беа или растурени или во преодна фаза на формирање на адекватна екипа за топ левел фудбал. Тука нема да ги анализираме финансиските малверзации и контроверзиите со арбитрите што ги следат СИТЕ негови тренерски одличја.

Еве ја статистиката против Форест (1:1) – со што е загубен чекорот за титулата, негативата со Арсенал е -2 со еден неодигран меч за топџиите – на доминантниот стил на фамозниот Пеп Гвардиола:

73% посед
22 удара на гол
6 удари во рамките
812 допири
650 додавања
1 гол
4 дозволени шута
1 дозволен шут во рамки
1 примен гол

Се сеќаваме на годините кога Барселона царуваше низ Шпанија и Европа, но се сеќаваме и на првата сериозна екипа во името на Баерн Минхен која ја уништи каталонската гордост со 4:0 и 0:3 во ЛШ. Се сеќаваме и на првата стотка во историјата на Шпанија, дело на Мурињо со Реал. Се сеќаваме и на Ливерпул на Јурген Клоп кој имаше 25 бода позитива на 2/3 од англиската лига…