Кошарка

НЕЈМАР ГО КОРПИРАЛЕ ДВЕ БЛИЗНАЧКИ

На ѕвездата на ПСЖ и на бразилската репрезентација, едноставно не и оди ниту на фудбалски план, ниту на љубовен, барем не на натпреварот против два противника одеднаш. Нејмар се допишувал со две сестри близначки, членки на одбојкарската репрезентација на Бразил, но и од двете „попил“ корпи:

Прво и пиша на Инстаграм на сестра ми, пред таа да биде во врска, а потоа на мене. Мојата сестра имаше дечко, а тој ми рече дека можеби некогаш ќе успее да биде и со двете. Дали мисли дека ние не зборуваме меѓу себе за вакви работи? Да беше коректен, ќе го фатев првиот авион и ќе бев во Париз пред да трепне. – изјавила Кеј Алвес, сестра на Кејт Алвес.

Близначките Кеј и Кејт се професионални одбојкарки, но и познати Инстаграм лица во Бразил и во светот. Повеќе среќа следниот пат, момче.