Тенис

НОВАК Е НЕСОМНЕНО БРОЈ 1 НА СИТЕ ВРЕМИЊА?

Српскиот тенисер урна многу рекорди, за кои се сметаше дека никогаш нема да бидат достигнати. Стигна и до рекорден број Грен слем трофеи во машка конкуренција, учинок кој може многу брзо да го подобри и тоа за поголема цифра од актуелните 22.

Последното достигнување на Новак Ѓоковиќ е 377 седмици на врвот на АТП листата, што е изедначување на рекордот на германската тенисерка Штефи Граф, во двете конкуренции. Следниот понеделник, Ноле ќе биде апсолутен рекордер:

Што уште треба да направи, за да му се признае?