Фудбал

СИТИ ПОД СЕРИОЗНА ИСТРАГА ОД ПРЕМИЕРЛИГАШКА КОМИСИЈА

Премиерлигата го обвини Манчестер Сити за прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј, по долготрајна истрага со која се утврдени неправилности кои датираат од сезоните 2009/10 и 2017/18.

Во 2020-та поради истата причина Сити беше казнет од страна на УЕФА и не смееше да учествува во европските купови во период од две години, но Арбитражниот суд CAS ја укина оваа пресуда.

Премиерлигата бара детални документи со кои ќе се докаже исправноста на работењето на Сити, односно вистинската економска состојба на клубот. Се работи за средства исплатени на менаџерот и играчите.