Фудбал

ЛИГАТА НА ПИКЕ ПРАВИ РШУМ ВО ГЛЕДАНОСТ

Кралската лига се појави на 1-ви јануари 2023-та година и прави лом во гледаност на Интернет. Другите лиги, а зборуваме за Примера, Премиерлига, Бундеслига, Сериа А и Лига 1, имаат најмалку двојно помалку прегледи во првиот месец од постоењето на ова натпреварување.

Концептот на Кралската лига е базиран врз стримање на натпреварите кои не може да се гледаат на традиционалните медиуми. Нема ниту билети во продажба. Седум на седум се натпреваруваат опкружени со високи рекламни паноа. Меѓу натпреварувачите, има многу пензионирани имиња.

Еве ги бројките за месец јануари, во прегледи, на социјалните медиуми:

Лигата е основана од Џерард Пике, во соработка со најпознатиот шпански стример, Ибаи Љанос. Во лигата се натпреваруваат 12 тима, а настапуваат многу пензионирани познати фудбалери, а периодично и активни фудбалери кои играат во „послабите“ лиги.

Дел од имињата се Кун Агуеро, Икер Касиљас, Чичарито (еден настап, член на ЛА Галакси), Енигма (маскиран фудбалер за кого се претпоставува дека е Нано Меса од Кадиз) и други…

Дали ова е иднината?