Фудбал

КОГА ЌЕ „ДАДЕШ“ ГОЛ СО ЈАКНА ОД РЕЗЕРВНА КЛУПА

Фудбалот ни понуди уште една несекојдневна ситуација, која може да се случи само на еден натпревар на оваа прекрасна игра без која животот не би бил ваков каков што е.

На мечот меѓу Атлетико Мадрид и Хетафе, се случи следново:

– Анхел Кореа постигна гол.
– Голот беше поништен.
– Кореа беше заменет.
– ВАР го потврди голот.
– Фудбалерите на Атлетико се стрчаа кон клупата да прослават со стрелецот.

Скорот на крајот беше 1:1 по голот на Унал во 83-та мимнута, со што беше анулирана претходноспоменатата ситуација која се случи во 60-та минута.