АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ ПРИЗНАВААТ „ДРУГИ“ СПОРТИСТИ, НИВНИТЕ СЕ НАЈДОБРИ ВО ИСТОРИЈАТА?
Објавено на: 03.02.2023
На приложената фотографија се гледаат 5 имиња, кои според еден американски медиум се најголемите имиња во историјата на спортот.
На табелата стојат:
1. Мајкл Џордан (кошарка)
2. Мухамед Али (бокс)
3. Бејб Рут (бејзбол)
4. Том Брејди (НФЛ)
5. Серена Вилијамс (тенис)

Прашањата се следниве:
1. Зошто го нема Усаин Болт?
2. Зошто го нема Александар Карелин?
3. Зошто го нема Вејн Грецки?
4. Зошто го нема Тајгер Вудс?
5. Зошто го нема Пеле?
6. Кој е критериумот?
7. Од кога (временски) се смета вредноста која ја дава величината?
8. Зошто се сметаат спортови кои се играат во една (2,3 максимум) земја?
Ако се работи и за не-американски спортисти, тогаш не можеме да ја прифатиме табелата. Но, ако станува збор само за спортитси од САД, тогаш може да полемизираме?