Фудбал

ЏЕЈМС Е ПОВРЗАН СО ПРЕЧКАТА ПОРАДИ КОЈА КАЈРИ НЕМА ДА ДОЈДЕ ВО ЛЕЈКЕРС?

Низ американските медиуми владее песимизам дека Кајри Ирвинг би можел да премине во редовите на екипата од ЛА, поради причина која е поврзана со договорот на Кралот Леброн.

Кајри Ирвинг бара четиригодишен договор од неговата следна екипа, додека Лејкерс се подготвени да му понудат двегодишен, практично со рок до истекот на договорот на Леброн Џејмс.

Не се исклучува можноста за продолжување на соработката, но најверојатно на овој начин Лејкерс не сакаат да влезат во скап договор пред да видат што всушност ќе добијат од истиот.