ФАНОВИТЕ НА ЈУНАЈТЕД ЈА БУТНАА РЕКЛАМАТА ВО РАДОСТА ЗА ТРЕТИОТ ГОЛ
Објавено на: 25.01.2023
Екипата предводена од Тен Хаг игра се подобро кон крајот на сезоната, има континуитет и по се изгледа холандскиот стручњак ќе го истера својот филм и ќе го дотера составот на тимот од Олд Трафорд. Поразот од Арсенал, брзо е заборавен.

По постигнувањето на третиот гол кај Нотингем Форест за конечните 0:3, фановите толку се возбудија што ја турнаа оградата на која има рекламно пано, на долниот дел на трибината крај аут-линијата, што може да се види на видеото во прилог:
Nottingham Forest vs Manchester United | Bruno Fernandes (GOAL) 89' pic.twitter.com/aEq26StZl2
— D9INE (@D9INE_BYE) January 25, 2023
Реваншот е на 1-ви февруари на Олд Трафорд во Манчестер, каде останува само да се завери пласманот во финалето на Карабао Лига Купот, каде ќе се игра против Саутемптон или Њукасл (0:1). Голема е радоста кога се победува, нели?